Компании и институции од Македонија можат да добијат финансии за реализирање проекти преку Програмата интелигентна енергија на Европската унија. За таа програма за годинава се одвоени 65 милиони евра и се очекува да бидат одобрени шеесетина проекти на ниво на цела Европа. Приоритети во проектите, според потпрограмите се енергетска ефикасност и рационална употреба на ресурси (САВЕ), обновливи извори на енергија (АлТЕНАР), енергија во транспорт (СТЕЕР) и заеднички иницијативи од тие области. Од 120 милиони евра што за програмата интелигентна енергија биле одвоени лани, само еден проект од одобрените стотина, бил од Македонија. За поголем одзив на повикот на ЕК што трае до 8 мај годинава, комората веќе спроведува информативни денови и обуки за процедурите за аплицирање и за подготовка на проекти. Првично има интерес од над 70 домашни компании.
Компании и институции од Македонија можат да добијат финансии за реализирање проекти преку Програмата интелигентна енергија на Европската унија.
За таа програма за годинава се одвоени 65 милиони евра и се очекува да бидат одобрени шеесетина проекти на ниво на цела Европа.
- Приоритети во проектите, според потпрограмите се енергетска ефикасност и рационална употреба на ресурси (САВЕ), обновливи извори на енергија (АлТЕНАР), енергија во транспорт (СТЕЕР) и заеднички иницијативи од тие области - информира Јадранка Аризановска, претставник на Стопанката комора на Македонија.
Од 120 милиони евра што за програмата интелигентна енергија биле одвоени лани, само еден проект од одобрените стотина, бил од Македонија. За поголем одзив на повикот на ЕК што трае до 8 мај годинава, комората веќе спроведува информативни денови и обуки за процедурите за аплицирање и за подготовка на проекти. Првично има интерес од над 70 домашни компании.
Право на учество имаат сите компании и институции од Македонија. Правилата налагаат проектна апликација да може да поднесе конзорциум од минимум три партнери од три различни земји.
- Тоа, на некој начин претставува и мал проблем за домашните компании бидејќи тука доаѓаат до израз и нивните контакти со компании од други држави и развивање деловни односи што се значајни за да се подготви добра проектна документација. Втора пречка на некој начин и нешто на што мора да се навикнат нашите компании е дека апликациите се поднесуваат исклучиво електронски. Но, добро е тоа што ЕК дозволи Агенцијата за конкурентност и иновативност да ги прима на увид проектните идеи од тие што сакаат да аплицираат, што значи дека секоја таква проектна идеја од наши компании ќе подлежи на евалуација и ќе бидат дадени сугестии каде треба да се подобри, што е големо олеснување за компаниите - оцени Аризанкоска.
Буџетот од 65 милиони евра е наменет за проекти за креирање политики и пазарни услови за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, промоција на енергетска ефикасност и рационална употреба на енергија, зголемување на употребата на алтернативни енергетски извори, поддршка за внесување најнови технологии, размена на искуства. Предвидено е и финансирање проекти за градови и региони за одржлива енергија.